Рој Кин: Играчите на Јунајтед треба да престанат да бидат плачковци

Играчите на Манчестер Јунајтед имаат очигледен проблем со стилот на менаџирање на нивниот тренер Жозе Мурињо. Последните неколку натпревари сведочат за кризата во клубот, а поранешниот капитен на Јунајтед, Рој Кин, им порача на играчите дека треба што побрзо да го решат овој проблем и да се вратат на победничките патеки.

Жозе Мурињо и Пол Погба во последниот месец се постојано во окото на јавност поради нивните несогласувања околу играта на тимот. Погба дури и ја загуби капитенската лента по неговите коментари дека тимот има погрешен пристап и се брани наместо да напаѓа со сите сили.

„Нормално е дека не може секој тренер да се сложува со секој играч и секој играчи не може да го сака секој тренер. Но, што и да правиш како фудбалер и без разлика каков проблем имаш со тренерот, кога ќе ја поминеш таа граница мора да запомниш дека и понатаму треба да играш за тимот“, вели Рој Кин.

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, беше еден од најпргавите и најстрасните фудбалери, но и покрај проблемите кои ги имаше со соиграчите и со тренерот, тој секогаш го даваше максимумот кога ќе излезеше на теренот.

„Фудбалерите кои имаат проблеми со нивниот тренер обично си мислат ‘Нема да тренирам бидејќи тренерот ме вознемири’ се плачковци. Во Манчестер Јунајтед не смее да има плачковци. Кога ќе излезеш на тој терен играш за твојата гордост, за твоето семејство, за твојот град, за било што и да те мотивира. Што и да се случува, треба да излезеш надвор и да играш“, додаде Кин.

Неговиот совет за играчите е дека тие треба да го одиграат секој натпревар со сета сила, а откако ќе заврши натпреварот можат да се инаетат со тренерот колку што сакаат. Кин смета дека работата на Мурињо оваа сезона ќе биде пеколно тешка.

Манчестер Јунајтед го забележа најлошиот старт на натпреварувачка сезона во последните 29 години, но тоа не беше во центарот на вниманието поради постојаната расправа помеѓу Жозе Мурињо и Пол Погба. По натпреварот со Валенсија од групната фаза во Лигата на шампионите, Погба изјави дека не му е дозволено да разговара со медиумите.

реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Фудбал

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Read more

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Read more

Спорт

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе

Манчини го комплетираше тренерскиот штаб на Италија: Бонучи е последна аквизиција

Читај повеќе

Неговиот совет мора да се послуша: Пеп го убедил Родри да го одбие Реал и да оди во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Маркес: Фаворит сум за титулата, но уште една нема да ми го промени животот

Читај повеќе

Улична банда со бекатон претепа до смрт фудбалер во Уганда

Читај повеќе

Вардар ги пушти во продажба билетите за дербито со Шкендија в недела

Читај повеќе