Рокенролот загуби уште една легенда, почина Фетс Домино

Рокенрол пионерот Фетс Домино почина на 90–годишна возраст.

Домино продаде повеќе од 65 милиони плочи, а меѓу најпродаваните синглови се големите хитови Blueberry Hill, Ain't It a Shame и уште многу други рокенрол класици.

Антоин Доминик Фетс Домино е роден во Њу Орлеанс на 26 февруари 1928 година, а во текот на педесеттите и шеесеттите години стана и еден од најпопуларните рокенрол и ритам и блуз музичари.

Роден е во семејство со 9 деца. Неговиот татко бил виолинист, но Фетс сам учел да свири клавир на тогаш популарните стилови регтајм, блуз и буги – вуги.

Професионалната кариера ја започнал во 1949 година, со дебитантскиот сингл The Fat Man, кој постигна огромен успех и беше продаден во милионски тираж.

На музичките листи прв пат се појави во 1955 година со песната Ain't It a Shame, за потоа да сними и други бројни хитови - Be My Guest, I'm Ready, I'm Walkin, а посебно ќе биде запаметен по нумерите Blueberry Hill и Jambalaya.

Во кариерата долга пет децении, најголем успех постигна во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век.

Имаше 40 песни на топ – листите на најдобар ритам и блуз песни, како и 11 нумери на рокенрол топ – листите.

Домино беше и еден од првите афроамерикански ритам и блуз музичари кои стекнале популарност кај белата публика, а влијаел и на голем број музичари и пејачи, меѓу кои е и самиот крал на рокенролот Елвис Присли.

Во 1986 година беше внесен и во Куќата на славни на рокенрол музиката.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе
  • filter

„Кралицата на ботоксот“ позираше во долна облека за магазинот Elle

Читај повеќе