Од компанијата Rolls-Royce соопштија дека започнале да го прават најголемиот мотор во светот, наменет за авиони.
Станува збор за моторот UltraFan со пречник од 3,5 метри. Проектот е поддржан од британската и германската влада, деловите се произведуваат во Бристол, Велика Британија и Далевиц во Германија.
Во Бристол се произведува системот од вентилатори од јаглероден титаниум, додека во Далевиц 50MW Power Gearbox, доволно моќен да покренува 500 семејни автомобили.
Моторот ќе биде 25% поштедлив во однос на првата генерација Trent мотори, а тоа е исклучително важно во намерата да се постигне одржливост во авијацијата. Во текот на првото тестирање на моторот ќе се користи 100% одржливо авионско гориво.
Овој мотор ќе биде база за потенцијално ново семејство на UltraFan мотори наменети за тесни и широки авиони.
Ultrafan моторот ќе има ново Advance 3 јадро со максимална ефикасност на согорување на горивото и ниска емисија на штетни гасови. Се планира да биде направен до крајот на годината.