Фудбал
КОПА ИТАЛИЈА 2019/20

Рома без Џеко немоќна против Јуве, Старата дама оди во полуфинале

23. јануари 2020 - 8:56 | А.С.

Екипата на Јувентус се пласираше во полуфиналето од италијанскиот куп со победа против Рома во четвртфиналето, со резултат 3:1.

Рома имаше нешто подобар старт на натпреварот и во првите 25 минути беа подобриот противник, а откако шансите не ги претворија во голови, следеше казната од другата страна.

Роналдо изведе фантастичен контранапад што го круниса со гол за предност на Старата дама.

Набрзо потоа Јуве го постигна и вториот гол, а стрелец овојпат беше Бетанкур. До полувреме, момците на Сари го решија прашањето кој ќе биде победник на мечот – Бонучи го постигна третиот гол за „бјанконерите“.

Во второто полувреме Рома, во чии редови не играше капитенот Един Џеко поради суспензија, успеа да дојде само до утешен погодок и тоа на среќа – Ундер ја погоди пречката, топката се одби од грбот на Буфон и влезе во мрежа.

Јувентус во полуфиналето ќе игра против победникот од средбата Милан-Торино.

 

Коментирај