Фудбал

Рома го дава Џеко само во замена со Икарди

14. август 2019 - 11:16 | Ф.З.

Римјаните го блокираа трансферот на Един Џеко во Интер откако решија дека финансиска понуда не е исплатлива поради краткото време да најдат соодветна замена.

Бидејќи се ближи клрајот на преодниот рок во Италија, римскиот клуб реши да не го продава Босанецот за пари туку само во замена со друг напаѓач.

Доколку Интер и натаму има намера да го ангажира Џеко, понудата на Рома е замена со Мауро Икарди. Римјаните дури и ќе доплатат 30 милиони евра, со оглед на тоа што Икарди е далеку помлад.

Икарди претпочита трансфер во Јувентус, а во игра е и Наполи со нивната понуда од 60 милиони евра.

Коментирај