Фудбал

Рома го претстави Ѕапакоста

22. август 2019 - 11:18 | Ф.З.

Римјаните го решија проблемот се десната латерална позиција каде добија одличен играч со репрезентативен квалитет.

По продолжувањето на договорот со Един Џеко, се чини Рома најде решение и за последната проблематична позиција во тимот. Капитенот Алесандро Флоренци царува по десната страна, но најчесто тој игра многу понапред, па на Рома ѝ беше потребен играч со првенствено дефанзивни квалитети. Со Ѕапакоста во тимот, Флоренци ќе ја има потребната слобода да игра офанзивно.

Давиде Ѕапакоста доаѓа на шест-месечна позајмица од Челси со можност истата да биде продолжена до крајот на сезонава. Тој замина во Премиер лигата пред две години од Торино, а претходно играше и за Аталанта и Авелино. Не се снајде на Островот по што го загуби и местото во репрезентацијата на Италија.

„Можноста да играм за голем клуб како Рома за мене претставува огромна мотивација. Одвај чекам да почнам да тренирам со моите нови соиграчи“, изјави Ѕапакоста за време на официјалната презентација.

Тој е седмото летно засилување за „римската волчица“ откако претходно пристигнаа Леонардо Спинацола (лев бек), Амаду Дијавара (дефанзивна средина), Џанлука Манчини (централен бек), Пау Лопес (голман), Жордан Верету (средина) и Мерт Четин (централен бек).

Коментирај