УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2020/21

Рома, Лестер и Арсенал убедливи, дебакл на Милан

Синоќа се одигра 3. коло во Лига Европа во кое фаворитите ја оправдаа улогата, освен Милан кој доживеа бламажа на домашен терен.

„Римската волчица“ со петарда во мрежата го испрати Клуж назад за Романија. Домашните уште во 2. минута преку Мхитарјан ја отворија серијата, а до крајот уште четири пати погодија. Два гола постигна новото засилување Борха Мајорал кој летово пристигна од Реал Мадрид.

Рома - Клуж 5:0
2' Хенрих Мхитарјан, 24' Бруну Перес, 34', 84' Борха Мајорал, 89' Педро Родригес

Наполи успеа да ги освои трите бода на гостувањето кај Ријека каде дуел имаа и македонските репрезентативци Дарко Велковски кај домашните и Елиф Елмас кај гостите. Дарко одигра 90 минути, додека Елиф беше заменет во 59-тата, три минути пред Хрватите да го постигнат решавачкиот автогол подарувајќи им победа на Италијанците.

Ријека - Наполи 1:2
13' Роберт Муриќ - 43' Диего Деме, 62' (аг) Филип Браут

Иако Стефано Пиоли не ризикуваше и го издаве најдобриот тим против Лил, сепак не само што не победи, туку и дожувеа дебакл. Херој за Лил беше Турчинот Јусуф Јазичи кој постигна хет-трик.

Милан - Лил 0:3
22', 55', 58' Јусуф Јазичи

Арсенал најави разочарувње откако губеше дома од Молде, но Норвежаните во последните моменти од првиот дел си постигнаа автогол, а по паузата и уште еден за пресврт на Арсенал. До крајот „Топчиите“ додадоа уште два гола за висока победа.

Арсенал - Молде 4:1
45'+1 (аг) Кристофер Хауге, 62' (аг) Шериф Сињан, 69' Никола Пепе, 88' Џозеф Вилкок - 21' Мартин Елињсен

И без голгетерот Џејми Варди, кој доби поштеда, Лестер ја преслуша португалска Брага и славеше со убедливи 4:0

Лестер - Брага 4:0
21', 48' Келечи Ихеаначо, 67' Денис Прат, 78' Џејмс Медисон

Интересен натпревар одиграа Бенфика и Ренџерс. По само две минути игра Шкотланѓаните си постигна аватогол, а потоа Бенфика остана со 10 играчи поради црвениот на Николас Отаменди. Потоа тие се реваншираа со авготол за 1:1, а веднаш потоа Ренџерс направи пресврт кој подоцна и го зголеми на два разлика. И со играч помалку, Португалците со два гола во финишот се изборија за реми.

Бенфика - Ренџерс 3:3
2' (аг) Конор Голдсон, 77' Рафа Силва, 90'+1 Дарвин Нуњес - 24' (аг) Диогу Гонсалвеш, 25' Глен Камара, 51' Алфредо Морелос

Тотенхем освои три бода на гостувањето во Бугарија, но без да ги одмора првотимците.

Лудогорец - Тотенхем 1:3
50' Клаудиу Кешери - 13' Хари Кејн, 33' Лукас, 62' Џовани Ло Селсо

Останати резултати:
Хапоел Бе'ер Шева - Баер Леверкузен 2:4
Лех - Стандард 3:1
Омонија - Гранада 0:2
ПАОК - ПСВ 4:1
Рапид (В) - Дундалк 4:3
Реал Сосиедад - АЗ 1:0
Сиваспор - Карабаг 2:0
Славија - Ница 3:2
Антверп - ЛАСК 0:1
Селтик - Спарта (П) 1:4
Црвена звезда - Гент 2:1
Динамо (З) - Волфсбергер 1:0
Фејнорд - ЦСКА (М) 3:1
Хофенхајм - Либерец 5:0
Виљареал - Макаби Тел-Авив 4:0
Јанг Бојс - ЦСКА (С) 3:0
Зорја - АЕК 1:4

Тагови
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе