Фудбал

Рома со двајца играчи повеќе ја прокоцка победата во Калјари

8. декември 2018 - 21:16 | А.С.

Фудбалерите на Калјари и на Рома ги поделија бодовите на стадионот „Сардења Арена“ во рамките на 15-тото коло од Серија А, откако одиграа нерешено 2:2.

Неверојатниот Калјари на тој начин четврти пат по ред ремизираше во Серија А, додека Рома ја потврди очајната форма, имајќи предвид дека во последните три кола освои сѐ на сѐ два бода.

Гостите од старт тргнаа жестоко и уште во 14-тата минута Кристанте ја доведе „волчицата“ во водство.

Потоа Калјари се опушти од притисокот, па следеа неколку добри шанси и од двете страни. Во ова „надмудрување“ Рома подобро се снајде и со голот на Коларов од слободен удар ја удвои предноста.

Во продолжението Калјари не успеа посериозно да ѝ се закани на Рома која играше одлично и во неколку наврати можеше да ја зголеми предноста.

Се истакна и голманот на домаќините, Крањо, со неколку одлични интервенции.

И во последните пет минути сѐ се смени.

Калјари прво успеа да постигне погодок пред крајот на мечот преку Јонита, а потоа следеше драматичното судиско продолжение.

Фараго во 93-тата минута доби втор жолт картон, а една минута подоцна Срна доби директен црвен, па домаќините го завршија натпреварот со само девет играчи на теренот.

И тоа не ги спречи натпреварот да го завршат со конечни 2:2 по голот на Да Сау во 95-та минута.

Рома со вечерашниот бод се проби на седмото место во Серја А, а Калјари се на 13-та позиција.

Коментирај