Романија – ако не можеш да ги победиш, забрани ги

Романската централна изборна комисија (БЕЦ) ја вознемири романската јавност кога ја отфрли пријавата за европските избори на Алијансата 2020 УСР ПЛУС. Коалицијата на Унијата за спас на Романија (УСР) и платформата ПЛУС смета на гласовите на образованите урбани млади луѓе и претприемачи. Двата блока заедно би можеле да освојат 20 отсто од гласовите.

Ова е првпат од падот на комунизмот една изборна листа да е отфрлена, пишува Дан Алексе од блогот EUelectionsRomania.com.

Изборната комисија како причина наведе дека Дан Барна, лидерот на УСР, и лидерот на ПЛУС, поранешниот европски комесар Дачијан Чолош, не се прикажани како претседатели на своите партии во Регистарот на политички партии.

Барна е избран за претседател на УСР во октомври 2017, додека Чолош стана претседател на ПЛУС во февруари 2019.

– Двете партии бараа нивните претседатели да се регистрираат пред суд во Букурешт но до сега не добиле конечна одлука. Затоа БЕЦ ја отфрли пријавата на Алијансата за регистрација. Тоа е политичка одлука донесена под притисок на корумпираниот режи, кој во Романија го постави Ливиу Драгнеа, наведе во соопштение Унијата за спас на Романија.

Романската владејачка Социјалдемократска партија (ПСД) победи на изборите во декември 2016 освојувајќи 45,5 проценти од гласовите со голема помош од гласачите од руралните средини. Сега партијата чиј лидер е Драгнеа, владее во коалицијата со АЛДЕ, симболично либерална партија која ја предводи Калин Попеску-Таричану, првиот човек на Сенатот.

Драгнеа е претседател на Долниот дом на романскиот Парламент но важи за човек кој сам ги донесува сите важни политички одлуки во земјата.

Лидерот на ПСД беше осуден за месетење на избори и корупција. Другата осуда, на три и пол години затвор, сега е во жалбена постапка.

Поради осудата, Драгнеа не може да ја води Владата и после победата на неговата партија на изборите во 2016 конзервативниот претседател од десниот центар Клаус Јоанис одби да го прифати за премиер.

ПСД/АЛДЕ коалицијата исто така  планира да го блокира именувањето на Лаура Кодрута Ковеси за главна обвинителка на ЕУ затоа што се плаши дека нејзините напори во борбата против корупцијата ќе бидат само зајакнати со тоа именување. Ковеси е поранешна шефица на романската антикорупциска агенција – ДНА.

Алијанса 2020 УСР ПЛУС веќе собра 200.000 потписи потребни за влез во изборната трк,а што е најголем цензус во Европа. До тоа дојде после низа обиди на властите да го спречат поранешниот европски комесар за земјоделство Чолош во форимирање политичка партија.

– Централната изборна комисија, ксо која политички маневрира ПСД/АЛДЕ ни забранува да учествуваме на изборите за Европскиот парламент. Тоа е навреда за избирачите и целосно недемократски чин. ПСД и АЛДЕ заедно со своите приврзаници го уриваат  принципот на демократијата кршејќи го нашето право да учествуваме на избори и да бидеме избирани, напиша Чолош на Фејсбук.

– Ќе преземеме се што е неопходно и ќе протестираме додека не се исправи тој недемократски и нелегален чин. Од првата најава дека влегуваме во политика до денес сме цел на највалкани потези. Кога видоа дека не можат да не уплашат, преминаа на политички манипулации на државните институции. Ги повикувам сите членови на ПЛУС и УСР да се здружиме и да се бориме против тој недемократски чин, додаде Чолош.

реклама

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more
Британија: Врховниот суд одлучува за Брегзит

Британија: Врховниот суд одлучува за Брегзит

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе