Романија и Бугарија за еден месец влегуваат во Шенген

Романија и Бугарија треба да станат полноправни членки на Шенген зоната од почетокот на следната година, најави денеска еврокомесарката Илва Јохансон.

Двете земји, членки на ЕУ и НАТО, делумно станаа дел од тој простор во март кога беа укинати контролите на воздушните и поморските пристаништа.

Во Европскиот парламент во Стразбур, комесарот за внатрешни работи Јохансон ја потврди неодамнешната најава на унгарското претседателство дека од 1 јануари 2025 година веројатно ќе се укине копнената контрола во Романија и Бугарија.

„Убедена сум дека Романија и Бугарија ќе ги имаат сите придобивки од Шенген зоната од почетокот на следната година“, рече Јохансон.

Шведската политичарка нагласи дека тоа е големо достигнување бидејќи пет години не било на дневен ред прашањето за проширување на Шенген зоната, а Хрватска, Бугарија и Романија биле „заглавени во чекалната“ иако биле подготвени да се приклучат. Хрватска стана полноправна членка на 1 јануари 2023 година.

Јохансон очекува министрите да одобрат целосен влез на двете земји во Шенген зоната на Советот на ЕУ за правда и внатрешни работи во декември во Будимпешта. Таа нагласи дека тоа го заслужиле поради конкретните мерки воведени на надворешните граници на ЕУ со кои бројот на илегални мигранти е намален за 80 отсто.

Двете земји се на важни рути за нелегална трговија

Романија и Бугарија се наоѓаат на важни рути за илегална трговија со оружје, дрога и луѓе, но Европската комисија претходно соопшти дека по детална истрага утврдила дека ги исполнуваат сите услови за членство во зоната за слободно патување. Претходно најмногу против неа беа Холандија и Австрија.

Хрватската пратеничка Сунчана Главак во дебатата рече дека целосниот пристап на Романија и Бугарија е „прашање на правичност“ и „од стратешко значење за ЕУ“. Таа нагласи дека нивното патување било „долго и полно со предизвици, вклучително и политички“ и дека ги исполниле техничките услови уште во 2011 година.

„Како Хрватка многу добро разбирам што ќе значи ова за вашите граѓани“, рече пратеничката.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Свет

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Read more

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Аеродромот во Цирих воведува 3D скенери со најмодерна технологија

Read more
 

Вести

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Читај повеќе

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Читај повеќе
  • filter

Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Читај повеќе
  • play_arrow

Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајланд ја нападна Камбоџа

Читај повеќе

Како Кина ја добива трговската војна?

Читај повеќе

Цените на нафтата благо растат втора недела по ред

Читај повеќе

Променливо време и температури до 14°C

Читај повеќе