ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2024

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Експертот за трансфери денеска откри дека македонската единица летово ќе има нов клуб, и тоа славната Валенсија.

„Столе Димитриевски во Валенсија, одиме! Македонскиот голман потпиша 4-годишен договор со важност до јуни 2028 година“, објави Фабрицио Романо на својот профил на Х.

Димитриевски е во Рајо Ваљекано од летото 2018 кога дојде прво како позајмен од каталонскиот Жимнастик, а по година и пол тимот од мадридското предградие го откупи неговиот договор за 900 илјади евра.

Моменталната вредност на Македонецот според Transfermarkt е 4 милиони евра, но во Валенсија ќе се пресели без отштета оти неговиот договор со рајо истекуна во јуни.

Во Валенсија ќе го замени грузискиот репрезентативен голман Гиорги Мамардашвили, за чиј потпис Романо вели дека се борат, меѓудругите, Њукасл и Атлетико. Грузиецот е 7 години помлад од Столе, но добрите игри за Валенсија и особено за репрезентацијата на Грузија, со која ќе игра и на претстојното ЕУРО, направија до тимот од „Местаља“ да пристигаат многубројни понуди.

„Мамардашвили се очекува да си замине летово бидејќи неколку клубови се заинтересирани, вклучително и Њукасл и Атлетико“, објави Романо.

Валенсија е 6-кратен освојувач на Ла Лига, но последната титула им е од сезоната 2003/2004, кога ги освоија и УЕФА купот и УЕФА суперкупот. Оттогаш двапати го кренаа пехарот во Копа дел Реј, а последниот пат во 2019 година. Валенсија има и две финалиња во Лигата на шампионите кога во 2000 и 2001 не успеа да победи губејќи од Реал Мадрид и Баерн.

Димитриевски е рекордер меѓу голманите во македонската репрезентација со 68 одиграни натпревари, најмногу од сите голмани, според статистиката на MacedonianFootball.com

реклама

6 симптоми дека имате дефицит на витамин Д во вашето тело

Read more

Како со диетата 80/20 може да слабеете додека ја јадете вашата омилена храна?

Read more

Грција во сè поголеми проблеми поради масовниот туризам

Read more

Илон Маск: Во иднината нема да има телефони

Read more

Фудбал

Навивач на ЕУРО платил 60 евра за да гледа во столб

Read more

Дали ќе чекаме упадите на навивачи на терен да станат опасни?

Read more

Клубот на Даку најави казна по пцовките кон Македонците на ЕУРО

Read more

Фудбалерите на Данска ги одбија покачувањата за да земаат иста плата со фудбалерките

Read more
 

Спорт

Навивач на ЕУРО платил 60 евра за да гледа во столб

Читај повеќе
  • filter

Дали ќе чекаме упадите на навивачи на терен да станат опасни?

Читај повеќе

Клубот на Даку најави казна по пцовките кон Македонците на ЕУРО

Читај повеќе

Фудбалерите на Данска ги одбија покачувањата за да земаат иста плата со фудбалерките

Читај повеќе

Нема спиење за фудбалските фанови од вечерва: Почнува Копа Америка

Читај повеќе

Три возбудливи натпревари денеска на ЕУРО: Дерби Шпанија-Италија, Србија на поправен

Читај повеќе

Суперѕвездата на Бостон со нов најскап договор во историјата на кошарката

Читај повеќе
  • play_arrow

Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Нема лабаво со Гатузо: Жесток уште на првиот тренинг во Хајдук

Читај повеќе