Романот „Елитна проститутка“ го разбранува цел Балкан

Деветтиот роман на Јасмина Ана насловен „Елитна проститутка“ крена многу прашина во Србија, но и го разбранува целиот Балкан поради темата што ја обработува.

Авторката вели дека приказната во романот произлегла од разговор со една пејачка која таа не сака да ја именува, во врска со, како што вели Ана, „сјајот и бедата на елитната проституција во Србија“.

Јасмина Ана во разговор за српската TV Prva рече дека елитната проституција е „насекаде околу нас“ и е „распространета како епидемија“.

Таа додава дека овој вид на проституција е елитен бидејќи овие жени секогаш се кријат зад атрактивни професии како водителки, адвокатки, лекарки, пејачки.

Затоа и се „поскапи“, бидејќи клиентите ги возбудува да платат за секс со позната личност, смета Ана.

Таа во интервјуто исто така откри дека нејзината соговорничка сфатила дека со својата животна одлука „дала злато за бижутерија“.

„Целиот свој живот, вербата, надежта, љубовта, можноста да создаде семејство, ги дала за скап шопинг“, рече Ана и додаде дека елитните проститутки, кои ги нарече „хеорини на денешницата“, често стануваат алкохоличарки или зависнички од дрога.

Јасмина Ана има завршено Правен факултет во Белград. Се занимавала со право, бизнис и новинарство. Членка е на Друштвото на писатели на Србија. Има објавено повеќе книги, меѓу кои и романите „Ukus poroka“, „Parenje jelena“ (прогласена за Златен бестселер), „Snegovi Kopaonika“ и „Ljubavnici“. Авторка е и на сатиричните приказни „Srbi kao ljubavnici“ и две книги со интервјуа – „Srbi za koje se molim (100 razgovora)“ и „Srpkinje o kojima se priča (50 razgovora)“, како и книгата есеи „Šampanjac mog života“. Таа е авторка и водителка на емисијата „Šampanjac sa Jasminom Anom“.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе