Ф1

Рон Денис: Батон ќе вози и наредната сезона

27. септември 2015 - 15:20 | Макфакс

Првиот човек на Мекларен, Рон Денис, рекол дека Џенсон Батон нема да се повлече од Формула 1 по завршувањето на сезоната туку дека и во иднина ќе остане во британскиот тим.

Батон изминатата недела се најде во фокусот на медиумите откако се појавија информации дека во Јапонија ќе објави крај на кариерата, но тоа не се случи. Британецот трката во Сузука ја заврши на 16-то место.

Светскиот првак од 2009 година, на почетокот на сезоната потпиша двегодишен договор со Мекларен, но втората година не е обврзувачка. Сепак според изјавата на Денис, Батон и наредната сезона ќе биде во тимот заедно со Фернандо Алонсо.

„Џенсон има двегодишен договор. Ваквите одлуки не ги носам сам, туку во разговор со акционерите, кога ја донесовме одлуката веднаш го известив Џенсон. Можев тоа да го направам и неколку денови порано, доколку го направев тоа немаше да има никакви шпекулации“, рекол Денис.

Мекларен во моментов има лоша сезона, партнерството со Хонда не им ги донесе на тимот посакуваните резултати. Батон и Алонсо не го кријат своето разочарување, во досегашниот тек на сезоната двајцата имаат освоено вкупно 17 бодови.

Коментирај