Фудбал

Роналдињо во потрага по последниот клуб: Во 2018 оди во пензија

6. декември 2017 - 13:30 | М.Д.

Некогаш најдобриот фудбалер на светот Бразилецот Роналдињо Гаучо, ја соопшти својата одлука дека во 2018 година ќе стави крај на својата кариера.

Поранешната легенда на Барселона и Милан две години е без клуб, откако го напушти Флуминенсе после само три месеци, но сака да потпише за уште еден клуб пред да го каже конечното збогум од фудбалот.

„Постои голема шанса кариерата да ја завршам следната година. Би можел да приредам збогување од кариерата во некои од клубовите каде веќе настапував, ќе морам да размислам за тоа. Кога ќе се повлечам од фудбалот ќе се посветам на музичките проекти или фудбалски школи. Тоа е нешто ново за мене, ќе морам да се прилагодам“, изјави Роналдињо.

Роналдињо веќе две години игра егзибициони натпревари ширум светот, а ја врши и улогата амбасадор на Барселона.

Сега веќе 37-годишниот Роналдињо кариерата ја започна во Гремио, потоа играше за ПСЖ, па Барселона каде се стекна со слава и титулата најдобар на светот, а потоа се пресели во Милан, па Фламенго, Атлетико Минеиро, мексиканскиот Керетаро и Флуминенсе.

За најдобар играч на светот беше прогласен во 2004 и 2005 година.

Коментирај