Каталонскиот гигант денеска ги претстави дресовите кои неговите играчи ќе ги носат во претстојната сезона, а во одлично промотивно видео се појави и легендарниот Роналдињо.
Роналдињо го претстави новиот дрес на Барселона произведен од американскиот бренд Nike, а неодоливо потсетува на дресот на Барса од сезоната 2006/2007. Најголемата разлика е што клупскиот амблем е во средината, наместо на левата страна на дресот каде што обично стои.
Исто така, дресот не е на риги како што сме навикнати да го гледаме од Барселона, туку левата страна е сина, а десната црвена. Ракавите се во исти бои.

Под амблемот стои логото на најголемиот спонзор на клубот од „Камп Ноу“ - Spotify, а првите впечатоци на навивачите се одлични бидејќи не го кријат ентузијазмот за изгледот на дресот.
Perfection is in the details. 🔎
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 18, 2024
„Инспириран од наследството, траекторијата и корените на клубот“, рече Барселона, опишувајќи го дресот.
📸 Lights, camera... 𝐧𝐞𝐰 𝐤𝐢𝐭! pic.twitter.com/0TqUyZS33Q
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 18, 2024
Инаку, Барселона неодамна потпиша нов 10-годишен договор со Nike според кој ќе заработува 120 милиони евра по сезона.
