Роналдо без влакна на јазикот: Најдобар сум во историјата и точка

Португалскиот ас Кристијано Роналдо (39) даде интервју за шпански El Chiringuito de Jugones и порача дека токму тој е најдобриот фудбалер во историјата.

„Иако досега сум постигнал 923 голови, не ми е важно дали во кариерата ќе имам 930, 950 или колку и да се. Ако успеам да постигнам 1.000, одлично. Ако не, и тоа е во ред. Меѓутоа, бројките не лажат. Јас сум најдобриот фудбалер во историјата и точка“, рече Роналдо.

Напаѓачот на саудискиот Ал Наср продолжи во сличен тон.

„Можеби некој ги претпочита Пеле, Меси или Марадона. Го разбирам тоа и го почитувам, но јас сум најдобриот и најкомплетниот играч досега. Не сум видел подобар фудбалер од мене. Добар сум во играта со глава, добар сум изведувач на слободни удари. Шутирам добро со левата и десната нога... Брз сум, силен, многу скокам... Да се ​​каже дека Роналдо не е комплетен фудбалер е лага. Нема покомплетен фудбалер од мене“, додаде тој.

Откри како дошол блиску до трансфер во Барселона, но на крајот бил ѕвезда на нивниот најголем ривал.

„Барселона сакаше да ме доведе додека сè уште бев во Спортинг Лисабон. Се преговараше за трансфер кој ќе ме однесеше таму една година подоцна. Но, потоа дојде Манчестер Јунајтед и веднаш ме зеде. Сакав да играм на 'Камп Ноу'. Сосема посебна аура, енергија. Ме исвиркуваа, ме навредуваа, а јас го сакав тоа и редовно ѝ давав голови на Барселона. Бев најсреќен во Реал Мадрид, тој клуб и град се засекогаш во моето срце“, порача Роналдо.

реклама

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Фудбал

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Алиоски потпиша договор со Лугано

Read more

Баерн ја победи Бока, прв пораз за јужноамериканските тимови на Клупскиот мундијал

Read more

Адеми го раскина договорот со Динамо, веќе има нов клуб

Read more
 

Спорт

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Читај повеќе

Алиоски потпиша договор со Лугано

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн ја победи Бока, прв пораз за јужноамериканските тимови на Клупскиот мундијал

Читај повеќе

Адеми го раскина договорот со Динамо, веќе има нов клуб

Читај повеќе

Нов шок на Клупскиот мундијал: Ботафого го победи ПСЖ

Читај повеќе

Владе Дивац итно опериран по сообраќајка

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во НБА: Пејсерс се на чекор до чудо

Читај повеќе

Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Читај повеќе

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Читај повеќе