ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Роналдо до Јунајтед: Нема да седам тука за да бидам на 6. место

Португалскиот ас се навикна да биде победник, па ситуацијата со неконкурентниот Манчестер Јунајтед го фрустрира.

Кристијано Роналдо говорејќи за Sky Sports си ја отвори душата за она што му смета сезонава. Неговиот тим е неконкурентен, а тоа Роналдо не може да го прифати.

„Не можам да прифатам нашиот менталитет да биде да сме надвор од топ три во Премиер лигата“, рече Роналдо.

„Мислам дека за да направите добри работи, понекогаш треба да уништите некои други. Па зошто да не - нова година, нов живот, се надевам дека Манчестер може да дојде до нивото кое навивачите го сакаат. Тие го заслужуваат тоа“.

Роналдо секогаш играл во клубови кои на разни фронта се бореле за титули. Но, откако дојде во Манчестер тоа не е така. Ниту промената на тренерското место не даде резултати.

„Кадарни сме за промени. Знам како, но нема да откријам бидејќи мислам дека тоа не би било етички од моја страна. Она што можам да го кажам е дека можеме подобро - сите ние. Манчестер треба да прави големи работи, ние можеме да дојдеме до тоа“, оптимист е тој.

„Не сакам да седам тука за да бидам на шесто место, седмо или петто. Тука сум за да освојувам, да се надигрувам. Верувам дека можеме да се натпреваруваме, но сѐ уште не сме на нашето најдобро ниво. Имаме долг пат за да се подобриме и верувам доколку го смениме начинот на размислување, можеме да постигнеме големи нешта“, ѝ порача тој на управата на клубот.

Се верува дека една од работите на кои Роналдо алудира да се променат е клубот да се кативира на трансфер пазараот уште сега, за да се спаси сезоната.

Манчестер Јунајтед моментално е на 7. место со 31 бод, дури 22 бода зад лидерот и градски ривал, Манчестер Сити. Во игра е во ФА купот, како и во Лигата на шампионите, каде сепак тешко е за верување дека може да направи нешто големо, барем не со моменталниот состав.

реклама

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more
Британија: Врховниот суд одлучува за Брегзит

Британија: Врховниот суд одлучува за Брегзит

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе