Роналдо: Добро мислење имам само за тројца соиграчи

Интервјуто кое Роналдо пред пет дена го направи со Пирс Морган и натаму е топ тема во фудбалскиот свет, а секој ден се зборува за различни теми за кои славниот Португалец го искажа своето мислење.

Роналдо во интервјуто истакна дека се чувствува изневерено во Јунајтед, како од челниците на клубот и тренерот, така и од соиграчите.

Имено, откри дека добро мислење има само за тројца играчи, додека за останатите, особено за младите, нема ништо убаво да каже.

„Почитувам само тројца соиграчи во Јунајтед, бидејќи се грижат за успехот. Диогу Дало е паметен, интелигентен и многу професионален иако е млад и не се сомневам дека долго ќе игра на врвно ниво. По добро можам уште да ги споменам Лисандро Мартинес и Каземиро“, рече Роналдо.

Дало има 23 години и е негов сонародник и соиграч од репрезентацијата на Португалија. Аргентинецот Мартинес има 24 години и со Роналдо прв пат заигра заедно во Манчестер. Со 30-годишниот Каземиро долги години настапуваше во Реал Мадрид.

Како што истакна, младите играчи денес не ги почитуваат постарите и тоа е случај насекаде, не само во Јунајтед.

„Младите играчи не ги почитуваат искусните и постари играчи, но тоа донекаде и го разбирам бидејќи живеат во друга ера. Сега до некои работи доаѓаат многу полесно, воопшто не се мачат, им е гајле. Се прават дека слушаат, но од едно уво сѐ им влегува, а од другото им излегува“, објасни тој, не криејќи го своето разочарување од тоа.

„Навистина е штета што младите играчи имаат најдобар пример пред себе, но не сакаат ни да се обидат да го следат“, рече Португалецот.

Морган го праша дали со тоа мисли на себе.

„Да, јас сум тој пример. Секое утро прв доаѓам на тренинг и последен си заминувам“, додаде Роналдо.

реклама

Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица

Read more

Елегантна и заводлива: Моника Белучи мамеше погледи во Дубаи

Read more

Еротски микс

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Фудбал

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Read more

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Read more

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more
 

Спорт

Роналдо откри кој е најлошиот фудбалер со кој некогаш играл

Читај повеќе

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе