Два дена по ред Кристијано Роналдо ги шокира обожавателите. Откако објави фотографија во која е облечен во летен комплет на модната куќа Louis Vuitton при што не ги одушеви обожавателите, сега одлучи да ја промени и фризурата.
Овој пат на Instagram објави фотографија со соиграчот од Јувентус, Хуан Куадрадо и со фризура по која Колумбиецот е препознатлив.
„Што мислите за мојот изглед како на братот Панита“, праша португалскиот фудбалер, а многумина реагираа позитивно на неговата фотографија, иако има и такви кои не се баш одушевени од фризурата.
Кристијано Роналдо на Instagram го следат над 227 милиони обожаватели.