Роналдо го сруши рекордот на Пеле: Не можев ни да сонувам за ова

Со хет-трикот против Каљари, Кристијано Роналдо стигна до бројката од 770 постигнати голови на официјалните натпревари, а со тоа и постави рекорд со кој го прескокна досегашниот број еден - легендата Пеле.

Постојат различни податоци за вкупниот број на постигнати голови на легендарниот бразилски фудбалер, како статистиката од 1.283 погодоци, во која се вклучуваат голови од разни пријателски и хуманитарни натпревари. Меѓу тие различни податоци е и оној за 767 голови, а откако ја надмина таа бројка преку социјалните мрежи, се јави новиот рекордер.

Роналдо не штедеше зборови за да го искаже восхитот кон Пеле.

„Во последниве недели бевме преплавени со новости и статистики за моето рушење на рекордот на Пеле од 757 официјални голови. Иако сум благодарен за признанието, време е да објаснам зошто досега не сум го прифатил тој рекорд. Моето огромно воодушевување од господинот Едсон Аранчис ду Насименту, како и неговата почит кон фудбалот во средината на 20 век, ме натера да ги пребројам неговите 767 погодоци. Како официјални голови ги сметав деветте гола за тимот на Сао Паоло и еден гол за репрезентацијата на бразилската армија. Светот и фудбалот се променија, но тоа не значи дека можеме да ја избришеме историјата како што нам ни одговара“, напиша Роналдо во воведот и продолжи:

„Јас денес стигнав до 770. официјален гол во мојата кариера, а моите први зборови се упатени кон Пеле. Нема фудбалер на светот кој не пораснал слушајќи приказни за неговата игра, неговите цели и успеси. Јас не сум исклучок и затоа сум пресреќен и горд. Не можев ни да сонувам да го соборам рекордот на Пеле, растејќи како дете во Мадеира“, напиша Роналдо на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на сите што беа со него на неговото патување.

 

The last few weeks were filled with news and stats considering me the World’s Top Scorer in football history, overcoming...

Posted by Cristiano Ronaldo on Sunday, March 14, 2021
Честитки стигнаа и од Пеле

Самиот Пеле призна дека Португалецот го соборил рекордот, велејќи му на Роналдо дека единствено за што жали е што не може да биде до него во овој момент да го прегрне.

Легендарниот бразилски фудбалер изрази одушевување од напаѓачот на Јувентус и Португалија и му го честиташе на 36-годишниот играч апсолутниот рекорд по бројот на голови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Pelé (@pele)

„Ти се восхитувам. Сакам да те гледам како играш, и тоа не е тајна за никого. Животот е осамен лет, секој оди по сопствен пат. А какво патување е твоето!“, напиша Пеле на Instagram

Оваа сезона, Роналдо одигра 33 натпревари за Јувентус, постигна 30 погодоци и забележа пет асистенции.

реклама

Ги забележавте ли синоќа светлечките објекти на небото?

Read more

Четири хороскопски знаци на кои мај им носи среќа во љубовта

Read more

Безос го одреди датумот за патување во вселената

Read more

За да ја задоволи сопругата, Србин направи куќа која се врти

Read more

Фудбал

Челси и Сити заинтересирани за Левандовски

Read more

Солскјер: Имаме еден од најдобрите голмани во светот

Read more

Виљареал спречи англиско финале во Лига Европа

Read more

Меси во најновата реклама изведе спектакуларен трик

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Надал и Осака прогласени за спортисти на годината

Читај повеќе

Челси и Сити заинтересирани за Левандовски

Читај повеќе
  • play_arrow

Вестбрук е на еден трипл-дабл од рекордот во НБА

Читај повеќе

Солскјер: Имаме еден од најдобрите голмани во светот

Читај повеќе

Марковски уште три години на клупата на Металург, останува и Хорват

Читај повеќе
  • play_arrow

Виљареал спречи англиско финале во Лига Европа

Читај повеќе

Мејведер ја исфрли свршеницата за да може да тренира

Читај повеќе
  • play_arrow

Како дете продавал сладолед на улица, денес живее во ваков луксуз

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси во најновата реклама изведе спектакуларен трик

Читај повеќе