Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка Георгина Родригес станаа сопственици на најскапата куќа во Португалија.

На Роналдо не му цветаат ружи кога е во прашање неговата фудбалска кариера бидејќи не е задоволен од минутажата и влегува во конфликти со менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, поради што се очекува да си замине, но неговиот живот е многу луксузен.
Славниот фудбалер стана сопственик на најскапата куќа во Португалија, што може да биде показател дека кариерата ќе ја продолжи во својата родна земја.
Имотот се наоѓа во околината на Каскаис, а вредноста се проценува на 11 милиони евра. Но, по реновирањето и другите работи трошоците ќе достигнат 21 милион евра.

Површината на вилата е 2.720 метри квадратни и се состои од три ката. Во фаза на изградба се градини и фантастичен базен на површина од 544 метри квадратни.
Градежните работи ќе завршат до летото 2023 година.