Роналдо и неговата девојка под полициска истрага по роденденска прослава

Кристијано Роналдо и неговата девојка Хеорхина Родригез може да се најдат во неволја откако наводно ги прекршиле здравствените протоколи за коронавирусот.

Ѕвездата на Јувентус ја одведе Хеорхина на роденденска прослава во друг регион на Италија, каде отседнаа во официјално затворен хотел, со оглед на тоа што патувањата меѓу градовите во Италија се забранети поради пандемијата.

Португалецот се соочува со потенцијална парична казна откако објави фотографија на која се гледа во друштво на девојката во луксузниот ски-центар Вал де Коста. Според пишувањата на италијанските медиуми, парот сега е наводно под полициска истрага.

Хеорхина пред два дена наполни 27 години, а роденденот го прослави во хотелот Le Massif. Таа сподели видео од романтичното патување на социјалните мрежи, па го избриша, но предоцна. Тоа стана вирално.

Италијанската полиција го посети хотелот во текот на денот и заклучи дека е затворен, но истрагата продолжува.

URL
реклама

Фудбал

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Read more

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Read more

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Read more

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе