Кристијано Роналдо денеска официјално стави потпис на двегодишен договор со Манчестер Jунајтед и се врати во клубот за кој со голем успех настапуваше од 2003 до 2009 година.
– Манчестер Јунјатед е клуб, кој има посебно место во моето срце, и презадоволен сум од пораките што ги добивам од најавата за трансферот во петокот. Одвај чекам да играм на „Олд Трафорд“ пред полн стадион и повторно да се сретнам со навивачите. Се радувам што ќе му се приклучам на тимот веднаш по репрезентативните настапи и се надевам дека не очекува успешна сезона, порача Роналдо во првата изјава по потпишувањето на договорот.
За трансферот на португалската фудбалска ѕвезда, Манчестер Jунајтед ќе му исплати на Јувентус 15 милиони евра во следните пет години, а износот би можел да биде зголемен за дополнителни осум евра во зависност од ефектот на Роналдо во дресот на „Cрвените ѓаволи“.
Договорот предвидува можност соработката меѓу Јунaјтед и Роналдо да биде продолжена за уште една година, до лето 2024 година.