Роналдо изненаден што Реал не доби трофеј на теренот: Каква глупост! (Видео)

Сезоната во Ла Лига заврши со триумф на Реал кој по пет години ја врати титулата на „Сантијаго Бернабеу“. Ѕвездите на Реал славеа на теренот, но очигледно не биле запознаени со правилата во врска со врачување на трофејот.

Фудбалерите на Зинедин Зидан ја освоија 33. титула на клубот со победата од 2:0 над Малага и нескриено се радуваа на триумфот.

Меѓутоа радоста им беше прекината од неочекуваната информација дека во славјето на теренот ќе им недостига еден многу важен елемент: трофејот.

Според правилата на Примера, трофејот на новиот шампион се доделува на стартот на наредната натпреварувачка сезона, но очигледно голем дел од фудбалерите на Реал не го знаеја овој важен детаљ.

Први кои ја дознаа веста на теренот беа Бејл и Модриќ кои откако делегатот на Реал Мадрид им кажа дека нема да го добијат трофејот вечерта веднаш побрзаа да му кажат на Кристијано Роналдо.

„Каква глупост!“, му рече Роналдо на Бејл пред камерите.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе