УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Роналдо израмни ЛШ рекорди на Касиљас и Меси

Португалската ѕвезда сега има ист број на одиграни натпревари како и поранешниот голман на Реал Мадрид, а со Меси има ист број на противници против кои постигнал гол.

Кристијано Роналдо синоќа го запиша својот прв настап во дресот на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони по 2009 година и веднаш успеа да се запише во листата на стрелците.

Вчерашниот натпревар за него беше број 177 во кариерата во најквалитетното европско клупско натпреварување, со што се израмни на вечната листа со Икер Касиљас. Нормално, веќе во наредните кола Роналдо ќе запише и нов настап и со тоа ќе избие сам на врвот, испишувајќи нова историја зад неговото име.

Топ 5 играчи со најмногу настапи во ЛШ:

  1. Икер Касиљас - 177 (Реал Мадрид, Порто)
  2. Кристијано Роналдо - 177 (Манчестер Јун., Реал Мадрид, Јувентус)
  3. Чави Ернандес - 151 (Барселона)
  4. Лионел Меси - 149 (Барселона, ПСЖ)
  5. Рајан Гигс - 145 (Манчестер Јунајтед)

Во 13-тата минута од натпреварот Роналдо го отвори резултатот во Берн, гол со кој израмни друг рекорд, овој пат на неговиот вечен ривал Меси. Не за број на постигнати голови, бидејќи на таа листа Роналдо одамна е предводник со 135 гола, туку по број на различни противници на кои им дал гол во Лигата на шампионите.

Јанг Бојс е екипа број 36 на која Роналдо ѝ ја затресол мрежата, а исто толку моментално има и Меси. Нормално, во оваа категорија и двајцата допрва уште ќе се бркаат бидејќи борбата е отворена.

URL

Воедно, Роналдо е рекордер и во други категории: има најмногу постигнати голови во една сезона - 17, најмногу голови во нокаут-фазата - 67, постигнал голови во најмногу финалиња - 3, постигнал барем по еден гол во секој натпревар од фазата по групи во една сезона, а ја држи и најголгата серија постигнувајќи гол на 11 натпревари по ред.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе