СЕРИЈА А 2020/21

Роналдо ја пополни листата: Им даде гол на сите тимови во Серија А

Со вчерашните два гола против Кротоне веќе нема активен калчолигаш кој не примил гол од Кристијано Роналдо.

Малиот Кротоне беше единствениот тим кој сезонава се натпреварува во Серија А, а кој никогаш не примил гол од Кристијано Роналдо. Тој мит беше урнат синоќа кога Португалецот двапати стрелаше во мрежата на клубот од Калабрија. Роналдо првпат играше синоќа против овој тим бидејќи првиот натпревар сезонава го пропушти поради повреда. Тој летото 2018 дојде во Јуве, а тогаш Кротоне штотуку испадна во Серија Би па сезонава им беше прва средба.

Во 48. минута и во првата од судиското надополнување на првиот дел Португалецот ја најави новата победа на Јуве која по паузата Вестон МекКени ја запечати.

Remote video URL

Рачунајќи ги головите постигнати откако се пресели во Италија, Роналдо има постигнато барем еден гол против сите тимови кои оваа сезона се натпреваруваат во Серија А.

Но, на листата му фали еден клуб, кој сезонава не е дел од Серија А. Единствениот тим кој успеал да ја сочува мрежата незатресена против Роналдо е Киево од Верона кој сега е во Серија Би. Против овој тим Роналдо пропушти шанса да постигне гол во првата сезона на Чизмата.

Бркотница со Ибра

Кротоне е клуб број 78 против кој Роналдо постигна гол рачунајќи ги топ 5 лигите ширум Стариот континент. До оваа бројка Португалецот дојде настапувајќи за Манестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Пред него е Златан Ибрахимовиќ кој има постигна гол против 79 различни противници настапувајќи за Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Милан.

Капоканониере

Двата вчерашни гола го исфрлија Роналдо на врвот од листата на најдобри стрелци во Серија А минивајќи го Ромелу Лукако од Интер. Роналдо сега има 18 голови, еден повеќе од напаѓачот на Интер.

На делба на третото место се Луис Муриел од Аталанта, Чиро Имобиле од Лацио и Ибра од Милан со по 14 голови.

Откако е дојде во Италија португалскиот напаѓач нема освоенот награда за најдобар стрелец. Лани беше втор за Имобиле, а преклани четврти кога наградата Капоканониере заврши кај Фабио Куаљарела од Сампдорија.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Зошто денешните автомобили имаат сè помали резервоари за гориво?

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Фудбал

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Read more

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more
 

Спорт

Ново поскапување на трошоците за навивачите на СП 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ја сподели тактиката на размислување пред натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе