Роналдо ја смири топката во Јувентус

Кристијано Роналдо ја смири топката во Јувентус пред да замине во акција со репрезентацијата на Португалија.

Завчера, ден по натпреварот против Милан што заврши 1:0 во корист на „Старата дама“, Роналдо му се јавил на капитенот Џорџо Кјелини за да му се извини за своето однесување.

Португалецот беше револтиран бидејќи беше изваден од игра и го напушти стадионот пред да заврши натпреварот. Челниците на клубот не го казнија за ваквото однесување.

Роналдо бил фрустриран бидејќи физички „не е на 100%“, тврди упатениот новинар Паоло Нонмоло и додава дека Роналдо лично ќе им се извини на сите откако ќе се врати во Торино следната недела.

Тоа било единственото барање на шефовите Павел Недвед и Фабио Паратичи.

Маурицио Сари одлучи да го замени Роналдо во 55. минута од натпреварот со Милан, а тоа воопшто не му се допадна на Португалецот кој не сакаше ни да се поздрави со тренерот.

Роналдо се поздрави со Пауло Дибала кој влезе место него, а потоа лут замина во соблекувалната.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе