Кристијано Роналдо по ФИФА изборот на најдобрите играчи на годината, објави фотографија од камери за надзор на музејотт „CR 7“.
- „Никој не може да ги украде овие трофеи. Има алармен систем", напиша Роналдо на Инстаграм.
Шпанските медиуми ова го протолкуваа како реакција на Роналдо кон ФИФА која го критикуваше за отсуството на церемонијата на доделувањето на наградите.
ФИФА пред два дена го избра Лука Модриќ за фудбалер на годината, а во најтесна конкуренција беа Мохамед Салах и Кристијано Роналдо.