Роналдо: Јунајтед ме изневери, од мене направи црна овца

Кристијано Роналдо во големото видеоинтервју за Пирс Морган целосно се отвори за моменталната ситуација во неговиот клуб Манчестер Јунајтед.

Легендарниот Португалец сезонава целосно падна во втор план, а во еден момент беше исфрлен од тимот откако одби да влезе во игра како резерва.

„Манчестер Јунајтед ме изневери, од мене направија црна овца. Немам почит кон Ерик тен Хаг бидејќи ниту тој нема почит кон мене“, се најбомбастичните изјави на 37-годишниот Роналдо од ова интервју.

Тој објасни што мисли со тоа.

„Луѓето треба да ја знаат вистината. Јунајтед сакаше да ме брка. Не само тренерот, туку и луѓето околу клубот. Се чувствував изневерено. Некои луѓе не ме сакаа во Манчестер Јунајтед, не само оваа сезона, туку и минатата.“

URL

Тој ја коментираше и комплетната ситуација во клубот.

„Нема напредок откако пристигнав. Откако си замина сер Алекс, клубот воопшто не еволуираше. Ништо не се промени. Навивачите треба да ја знаат вистината. Го сакам најдоброто за клубот и затоа дојдов, но некои работи внатре во клубот не му помагаат да дојде до нивото на кое се Сити, Ливерпул и сега Арсенал. Ваков клуб треба да биде на врвот, но во моментов не е“.

„Како што рече Пикасо, треба да уништиш нешто за да го изградиш повторно. Ако сакаат да почнат со мене, тоа не ми е проблем. Го сакам Јунајтед, ги сакам навивачите, тие секогаш се на моја страна. Но, ако сакаат за да се подобрат во Јунајтед, мора многу да се менуваат, многу... Сер Алекс го знае тоа подобро од кој било. Сите го знаат тоа. Луѓето кои не го гледаат тоа или не сакаат или се слепи“, рече тој, па продолжи:

„Зошто се вратив? Го следев своето срце. Сер Алекс ми рече дека е неприфатливо да одам во Манчестер Сити. ‘Во ред, шефе’, му одговорив. Навивачите се за мене. Затоа решив да дадам ова интервју затоа што мислам дека е вистинско време да го кажам она што ми е на ум“.

Роналдо објасни како пропуштил дел од подготовките на Јунајтед за сезоната бидејќи неговата тримесечна ќерка била во болница.

„Ќерка ми беше во болница во јули, сакав да бидам со неа. Поединци од раководството на клубот се сомневаа во тоа. Клубот не покажа емпатија, бев повреден“.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Фудбал

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more
 

Спорт

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе