Роналдо ќе биде богат како саудиски шеик ако бидне новиот договор

Шпанска Marca објави дека еден од најдобрите светски фудбалери наводно договорил две и пол годишен договор со клубот Ал Наср од Саудиска Арабија.

Неколку дена по раскинувањето на договорот со Манчестер Јунајтед, капитенот на португалската фудбалска репрезентација Кристијано Роналдо наводно договорил две и пол годишен договор со Ал Наср од Саудиска Арабија, според кој ќе заработува неверојатни 200 милиони евра годишно.

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, 37-годишниот Португалец моментално е на Светското првенство во Катар, каде неговата репрезентација успеа да се пласира во нокаут фазата.

Доколку се точни информациите на шпанска Marca, која вообичаено има сигурни извори, тоа би значело дека Роналдо ќе игра до својата 40-та година.

И тој не би бил првиот добитник на Златната топка - наградата за најдобар фудбалер во светот - кој би играл во Саудиска Арабија, токму во Ал Наср.

Бугаринот Христо Стоичков, освојувач на Златната топка во 1994 година, одигра два натпревара за Ал Наср во 1998 година и постигна гол во триумфот на Купот на победници на куповите во Азија.

Непосредно пред почетокот на Светското првенство во Катар, Роналдо се согласи да го раскине договорот со Манчестер Јунајтед по интервјуто во кое изрази голема огорченост за ситуацијата во клубот на сите нивоа, а особено за врска со тренерот Ерик тен Хаг.

Зошто Саудиска Арабија?

Информацијата дека кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија не е изненадување.

Уште ова лето, додека се зборуваше за евентуално заминување на Роналдо од „Олд Трафорд“, се појавија информации дека тој добил астрономска понуда од клуб од блискоисточна земја.

Роналдо е во пад на кариерата, освои речиси сè што можеше да освои во фудбалот.

Започна во Спортинг Лисабон и играше за најголемите европски клубови, како Манчестер Јунајтед (двапати), Реал Мадрид и торински Јувентус.

Во кариерата освои повеќе од 30 трофеи, меѓу кои титулата европски првак со Португалија, пет титули на клупскиот европски првак, исто толку пати ја освои и Златната топка.

Роналдо е и првиот во историјата на фудбалот кој постигнал гол на пет светски првенства.

Во однос на конкуренцијата, Роналдо веќе нема толкава мотивација, иако секогаш е гладен за голови и победи, а таквата понуда што ја доби од Саудиска Арабија е тешко да се одбие.

Саудиска Арабија е една од најбогатите земји во светот благодарение на нафтата.

Со земјата владее контроверзниот принц Мухамед бин Салман, кој на сите репрезентативци на земјата им вети автомобил Rolls-Royce Phantom по сензационалната победа над Аргентина во првиот натпревар на Светското првенство во Катар.

Милован Рајевац, поранешен фудбалер и долгогодишен, искусен тренер кој работи во таа земја, пред неколку дена за BBC на српски изјави дека клупската лига во Саудиска Арабија е најдобра во арапскиот свет, со многу публика и ентузијазам.

„И лигата, и играчите се квалитетни“, посочува Рајевац.

Во еден од клубовите настапува и српскиот фудбалер Лука Стојановиќ, кој за BBC на српски изјави дека условите во Саудиска Арабија се „вонредни“, почнувајќи од стадионот и инфраструктурата, па сè до тренинг центрите.

„Во саудискиот фудбал се вложуваат многу пари, што е една од причините зошто во земјата расте квалитетот на оваа игра, како и домашните и странските играчи кои се таму“, вели Стојановиќ.

Саудијците не бегаат од трошење пари при доведување странски играчи, па Матеус Переира од англискиот прволигаш Вест Бромвич Албион се пресели во тимот на Ал Хилал за повеќе од 18 милиони евра.

Стојановиќ смета дека „во финансиска смисла“ на саудиската лига можат да ѝ парираат само неколку европски, а покрај тоа, квалитетот на самиот фудбал и на играчите е „исклучително висок“.

„Многу се трудат да го следат модерниот тренд, па многу млади одат на тренинзи во Шпанија, Англија и други земји“, објаснува српскиот фудбалер.

реклама

Фудбал

Марсело замина во пензија

Read more

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Read more

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Read more

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Read more
 

Спорт

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе
  • play_arrow

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Читај повеќе

Премиерлигашките судии од следната сезона на микрофон ќе ги објаснуваат ВАР одлуките

Читај повеќе