ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Роналдо: Нашите навивачи заслужуваат многу подобро

Понижувачкиот неделен пораз од Ливерпул го погоди и Кристијано Роналдо, кој испрати порака до навивачите на Манчестер Јунајтед.

Пукна петарда синоќа среде „Олд Трафорд“. „Црвените ѓаволи“ доживеаја вистинска бламажа од 0:5, а згора на сѐ поразот доаѓаат од лутиот ривал Ливерпул.

Роналдо ги одигра комплетните 90 минути, а сѐ што направи беше жолт картон за неспортски потег и поништен гол поради офсајд.

Во однос на дебаклот, Португалецот им се обрати на навивачите, кои масовно го напуштаа стадионот уште на околу 25 минути до крајот, веднаш откако Ливерпул погоди за 0:5.

Remote video URL

„Понекогаш резултатот не е оној за кој се бориме. Понекогаш резултатот не е оној кој го сакаме. И тоа е поради нас, само поради нас, бидејќи нема никој друг за да се обвини. Нашите навивачи повторно беа неверојатни во нивната поддршка. Тие заслужуваат подобро од ова, многу подобро, а на нас е да им го овозможиме тоа. Времето е сега!“, напиша тој на својот Instagram профил.

Ливерпул канонадата ја почна уште во 5. минута преку Наби Кеита по асистенција на Мохамед Салах. Во 13-тата Диогу Жита дуплираше, а потоа Кеита му ја врати услугата на Салах за 0:3. Длабоко во судиското надополнување пред паузата Салах уште еднаш погоди, овој пат на асистенција на Жота. Пет минути во вториот дел Салах дојде и до хет-трик.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Read more

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Читај повеќе

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе