Фудбал

Роналдо: Не сум луд, само сум опседнат со тоа да бидам успешен

2. октомври 2019 - 18:45 | А.С.

Португалецот Кристијано Роналдо во интервју за SPORTbible зборуваше за кариерата, животот и за неговиот бизнис што добро му оди.

За напаѓачот на Јувентус, успехот е секогаш на прво место.

„Не сум луд. Не сум опседнат со вежбање туку со тоа да бидам успешен, а тоа се две различни работи“, вели Роналдо на почетокот на разговорот.

„Уште го сакам фудбалот. Сакам одново и одново да ги забавувам луѓето кои ме сакаат и секогаш од мене очекуваат нешто ново, нешто повеќе. Тоа нема врска со годините, туку со менталитетот Изминатите пет години почнав да се занимавам со работи што не се поврзани со фудбал и можам да ви кажам дека уживам во тоа. Којзнае што ќе се случи за година или две“, вели еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Роналдо има синџир ресторани и хотели, свој моден бренд и специјално дизајнирани слушалки. Не планира да застане тука. Заработува неверојатни суми и надвор од фудбалот. Некои го критикуваат дека ги копира Дејвид Бекам, Мајкл Џордан и други големи спортисти кои развиле бизниси по завршувањето на професионалната кариера.

„Не сакам никого да копирам, можам само да научам нешто од успешните спортисти и тоа да го направам на свој начин. Сите успешни луѓе имаат една заедничка карактеристика, а тоа е работната етика“, заклучува Роналдо.

Коментирај