Роналдо: Не сум машина за голови

Кристијано Роналдо, најдобриот играч на светот за минатата година, изјави дека луѓето погрешно гледаат на фудбалот и дека не ја разбираат разликата во играта.

Кристијано Роналдо оваа есен на седум натпревари во Ла Лига постигна само еден погодок, откако ги пропушти воведните четири кола поради суспензија.

Поради ова, Роналдо би можел за прв пат по доаѓањето во Реал да ја заврши сезоната со помалку од 25 погодоци во тоа натпреварување.

Често е на мета на критики во медиумите дека игра во слаба форма, но Роналдо смета дека неговиот придонес во играта не треба да се мери само со бројот на постигнати погодоци.

„Многумина не можат да ја видат разликата меѓу врвна форма, солидна и онаа без погодок. На мене гледаат како на гол-машина, човек кој секогаш мора да постигнува голови. Ако тоа не биде така, никој не го интересира дали играм добро или не, само гледаат колку пати сум ја погодил противничката мрежа“, вели Роналдо.

Португалецот нагласи дека ѓи прифаќа критиките, но и дека не се согласува со нив.

„Избегнувам да читам весници или да слушам што се зборува за мене, но објективно немам избор и морам да ја прифатам состојбата. Не можам да го контролирам светот“, додаде Роналдо.

Недостатокот на голови медиумите го поврзуваа и со наводната желба на Роналдо да си замине од Реал Мадрид, но тој ги демантираше тие шпекулации.

Реал после 11 кола во Примера заостанува осум поени зад лидерот Барселона, а во Лигата на шампионите е втор, зад Тотенхем, но не на чекор од пласман во нокаут фазата. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Read more

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Read more

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Read more
 

Спорт

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе

Надал елиминиран од Де Минор

Читај повеќе
  • play_arrow

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Читај повеќе

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Читај повеќе