Кристијано Роналдо го смета Лионел Меси за одличен играч, но неговите титули освоени со различни клубови ја прават разликата во негова полза.
„Разликата помеѓу мене и Меси е тоа што јас играв за различни клубови и ја освојував Лигата на шампиони. Бев најдобар стрелец на истата шест пати по ред. Ретки се играчите кои пет пати триумфирале во тоа натпреварување. Јас се идентификувам со Лигата на шампшиони“, рече Роналдо во интервју за DAZN кој направи емисија посветена на него.
Португалецот ја освои Лигата на шампиони еднаш со Манчестер Јунајтед и четири пати со Реал Мадрид, а сега пробува истото да го стори и со Јувентус. Трипати со Јунајтед владееше во Англија, а со Реал двапати во Шпанија. Седум сезони беше најдобар стрелец во Лигата на шампиони од кои шест по ред (од 2012/13 до 2017/18).
„Меси е одличен играч кој нема да биде запомнет само по „Златните топки“ туку и поради тоа што секогаш е на врвот, сезона по сезона, исто како и јас“.
Меси има четири титули во Лигата на шампиони и десет во Ла Лига, но сите освоени со Барселона.