Фудбал

Роналдо одбива да го продолжи догoворот, сака да замине идното лето

14. ноември 2017 - 18:06 | М.Д.

Веста се појави во сите престижни шпански медиуми, дали е тоа дополнителен притисок? Клубот нема да пропушти, а планот на Роналдо зависи од еден услов.

Повторно Кристијано Роналдо.

Овој пат се работи околу неговата наводна намера да го напушти клубот.

Имено, шпанските медиуми пренесуваат дека не сака да го продолжи договорот, бидејќи сака уште следното лето да си побара нова средина.

Пред неколку дена се појавија и информации дека тој имал иста намера и минатото лето, но дека немал клуб, односно дека најдобриот фудбалер на светот не можел никој да си го дозволи.

Роналдо истакна дека не бара нов договор, иако се шпекулираше дека тој намерно го прави тоа за да добие исти услови како Меси, но од клубот немаат намера да го сторат тоа.

Договорот кој го потпиша важи до 2021 година, кога ќе има 36 години.

Во однос на моменталната форма на Роналдо неговото заминување и не би било преголем губиток за „Кралевите“, но тешко е да се верува дека некој ќе биде подготвен да ја плати огромната сума која Реал би ја барал за својот најдобар играч.

Во клубот не размислуваат да прават случај, ако Кристијано инсистира тие ќе ги сослушаат понудите и ќе донесат одлука.

Подобро информираните медиуми тврдат дека може да пристигне само една понуда, од Манчестер Јунајтед и тоа само во случај Мурињо да си замине.

Во тој случај вратата на „Олд Трафорд“ би била широко отворена за Португалецот, каде би бил пречекан како херој.

Но, за такво нешто би требало да се поклопат многу коцки, па целата приказна делува тешко остварлива, иако не треба да се исклучи можноста ако Реал има лоша сезона да започне да гради нов тим без Роналдо. 

Коментирај