Фудбал

Роналдо оптимистичен: Си го знам телото, за две недели ќе бидам во ред

26. март 2019 - 10:46 | А.С.

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо верува дека ќе биде подготвен за дуелот со Ајакс во четвртинафиналето од Лигата на шампиони иако има проблеми со повреда.

Роналдо играше само половина час за Португалија на натпреварот од квалификациите за Европското првенство против Србија бидејќи се повреди и излезе од терен. Сепак, фудбалскиот ас не е загрижен.

„Не сум загрижен поради оваа повреда, си го знам телото и верувам дека нема да ми требаат повеќе од две недели да се опоравам. Ќе бидам во ред“, изјави Роналдо на големо олеснување на фановите на Јувентус.

„Старата дама“ ќе игра против Ајакс на 10 април, но можно е Роналдо да ги пропушти дуелите со Емполи, Калјари и Милан пред тоа.

Коментирај