Легендарниот Роналдо Назарио во Бразил гостуваше во подкаст што го води друга легенда, Ромарио, кој го праша за најдобрите и најлошите соиграчи во неговата легендарна кариера.

Роналдо прво зборуваше за најдобрите фудбалер со кои играл:
„Најдобар беше Роналдињо Гаучо во репрезентацијата и Зинедин Зидан на клупско ниво. Зизу имаше многу знаење, тој беше различен, многу силен технички, правеше сè едноставно“.
Ромарио потоа се заинтересира кои се најлошите соиграчи на Роналдо, а легендата Роналдо рече:
„Малку е тешко, но има еден кој се истакнува. Тој беше многу добар пријател, прекрасна личност, но едноставно многу лош како фудбалер, а тоа е Томас Гравесен.“
Гравесен беше дански играч од средниот ред кој играше со Роналдо во Реал Мадрид, а играше и за Вејле, ХСВ, Евертон и Селтик.
Роналдо дебитираше како 16-годишник за Крузеиро и постигнуваше гол по натпревар на 34 натпревари во текот на неговата кариера во Бразил. Тој беше дел од бразилската репрезентација на Светското првенство во 1994 година како 17-годишник, но не играше во походот кон златото. По тоа лето, по совет на Ромарио, кој претходно настапуваше за ПСВ, потпиша за холандскиот клуб.
Веднаш експлодираше во Европа и во две сезони постигна 54 гола на 58 настапи, по што играше за Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан и Коринтијанс. Тој го освои Светското првенство како најдобар стрелец во 2002 година и Златната топка додека играше за Интер. Покрај Крузеиро, Роналдо сега е сопственик и на шпанскиот второлигаш Реал Ваљадолид. Во кариерата постигна 481 гол.