Роналдо по 101-от гол: Немам што да докажувам, кариерата зборува за мене

Коментарите дека можеби Португалија игра подобро без главната ѕвезда, откако ја средија Хрватска со 4:1, Роналдо ги демантираше синоќа.

„Не читам коментари. Тоа се само мислења“, рече тој околу тоа дека можеби е време Португалија да почне да игра без него. Во 1. коло од Лигата на нации Портѕугалија без него во тимот со 4:1 ја среди Хрватска. Тогаш почнаа чудните коментари.

„Она што го имам направено во кариерата зборува само по себе. Не, јас немам никому што да му докажувам, а доколку некогаш морам да докажам, тоа го правам долу на теренот“, смета Роналдо.

Португалија ја совлада Шведска на гости со 0:2 и тоа со двата гола на капитенот Кристијано Роналдо. Натпреварот се играше на „Френдс Арена“ стадионот во Стокхолм, каде Роналдо еднаш имаше свое шоу. Во реванш баражот за пласнман на Мундијалот 2014 во Бразил, игран во ноември 2013, Роналдо со хет-трик на истиот стадион го сруши сонот за пласман на Швеѓаните за кои ни двата гола на Златан Ибрахимовиќ не беа доволни бидејќи загубија со 1:0 и на првиот натпревар.

Remote video URL

„Знаев дека на овој стадион имам оставено свој печат, го знаев тоа. И ако играв, знаев дека повторно ќе направам нешто за паметење“, изјави Роналдо. И токму тоа и го стори, ја повтори историјата. Поради повреда не играше со Хрватска, а постоеше можност да не игра ни синоќа.

Пред синоќешниот натпревар Роналдо имаше 99 голови во португалската репрезентација, а со новите два сега има 101 и влезе во клубот 100.

„Многу сум среќен. Прво, бидејќи тимот победи, што ни беше и цел. Потоа, головите 100 и 101 многу ме прават среќен. Иднината зависи од Бога. Се чувствувам добро, се чувствувам убаво играјќи со овие млади играчи“.

Кристијано Роналдо е само вториот играч во светот кој постигнал 100 или повеќе голови за својата репрезентација. Прва на листата сѐ уште е Иранецот Али Даји со 109 голови, бројка која веројатно Роналдо ќе ја престигне.

URL
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе