Роналдо понуден на Манчестер Сити, ПСЖ чека ред

По трансферот на Меси во ПСЖ на повидок е уште еден голем земјотрес во овој летен преоден рок.

Реномираниот Corriere dello Sport тврди дека агентот на Кристијано Роналдо, Жорже Мендеш, го понудил својот клиент кај шеиците на Манчестер Сити.

Мендеш деновиве е во Лондон, каде работи на други трансфери за други клубови, но информациите од Островот велат дека веќе се видел и со раководството на Манчестер Сити. А, со нив, може да разговара само за еден играч - Кристијано Роналдо.

Шеици, братучеди и подготвени да направат сѐ за да ја освојат Лигата на шампиони. Тоа се газдите на ПСЖ и Манчестер Сити. Парижаните исто така го меркаа Роналдо, но успеаја да го земат Меси, па Португалецот „остана“ за „Граѓаните“. Насер Ал-Хејалфи е претседател на ПСЖ, но парите доаѓаат од катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, братучед на Мансур бин Зајед Ал Нахјан, газда на комапнијата Abu Dhabi United Group која е сопственик на Манчестер Сити. Тоа е фудбалска војна помеѓу двајца моќни братучеди, кои не сакаат да заостануваат зад другиот.

Доколку Роналдо сепак остане во Јуве, повторно во игра се враќа и ПСЖ и тоа со неверојатен план. Имено, договорот на Роналдо со „Старата дама“ истекува наредното лето, па ПСЖ ќе може и него да го зграпчи како слободен играч и сезоната 2022/23 во тимот да ги има двајцата најдобри играчи во овој век, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе