Роналдо постигна 4 гола во победата на Ал Наср и прослави голем јубилеј

Португалскиот виртуоз ги постигна сите четири голови во победата на Ал Наср на гостувањето против Ал Вехда во натпреварот од 16. коло на саудиското првенство, со што за прв пат во дресот на својот нов клуб покажа што го прави еден од најдобрите играчи на сите времиња, а и зошто е платен 200 милиони евра годишно.

Роналдо одигра навистина одличен натпревар, а беше особено расположен и ефикасен пред противничкиот гол. Првиот гол го постигна во 21. минута, вториот 19 минути подоцна, а потоа уште два гола, првиот од пенал во 53. минута и вториот за конечни 4:0 во 61. минута.

Првиот гол, кој го постигна откако одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, беше и негов јубилеен 500-ти лигашки гол во кариерата. Вкупно, четирите гола на Роналдо постигнати синоќа му донесоа 503 првенствени голови во неговата богата кариера.

Remote video URL

Првите три ги постигна за Спортинг, потоа во Премиер лигата постигна 103 гола за Манчестер Јунајтед, потоа 311 за Реал Мадрид, 81 за Јувентус и сега 5 за Ал Наср. Ако ги сметаме сите натпреварувања, Роналдо во клупската кариера на 955 настапи досега има постигнато 706 голови.

Воедно, на овој натпревар го забележа и својот хет-трик број 61 во кариерата.

Одлично е чувството да се постигнат четири гола и да се стигне до 500-тиот лигашки гол во победата на мојот тим“, напиша Роналдо во објава на Instagram и поради таа реченица веќе доби над 11 милиони лајкови.

Интересно, по натпреварот направи необичен потег кога му пријде на главниот судија Ал Харби и го замоли да му ја потпише топката, која, нормално, си ја понесе со себе дома. И не само тоа, туку побара и да се слика со судијата.

Необичното однесување на Роналдо, секако привлече огромно внимание на социјалните мрежи.

Remote video URL
реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Фудбал

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Read more

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Читај повеќе