Роналдо потврди дека добил близнаци со сурогат-мајка

Кристијано Роналдо денеска преку пост на Facebook официјално потврди дека добил близнаци од сурогат-мајка и дека е пресреќен што, конечно, ќе ги види за првпат.

„Му служев на националниот тим, како и секогаш, со тело и душа, и покрај тоа што моите две деца беа родени. За жал, не успеавме да ја постигнеме главната спортска цел, но сигурен сум дека ќе продолжиме да ги радуваме Португалците“, напиша Роналдо, кој вчера го одигра последниот натпревар за тимот на Португалија на Купот на конфедерациите.

„Пресреќен сум што, конечно, за прв пат ќе бидам со моите деца“, додаде тој.

Малку се знае за близнаците што Роналдо ги доби со сурогат-мајка во САД, а ТВ-каналот SIC објави дека децата се викаат Ева и Матео.

Роналдо веќе има син, Кристијано Роналдо Јуниор, кој се роди во јуни, 2010 година.

Од Португалската фудбалска федерација рекоа дека биле информирани пред Купот на конфедерации дека фудбалерот добил близнаци, а сепак одлучил да патува во Русија за натпреварот. Оттаму велат дека тоа е „гест што мора да се нагласи и да се пофали“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе