Роналдо сака да игра и на ЕУРО 2024

Кристијано Роналдо нема намера да оди во пензија, ниту пак да се откаже од играњето за репрезентацијата. На помалку од две години до наредното Европско првенство тој најави дека амбициите му се да игра и на наредниот континентален собир.

„Моето патување уште не е при крај, ќе треба да го трпите Крис малку подолго“, рече Роналдо синоќа за време на церемонијата во Лисабон во организација на Фудбалската федерација на Португалија (ФПФ) организирана во негова чест за да му биде врачена наградата Кинаш де Ору (Quinas de Ouro) за тоа што е најдобар стрелец во репрезентацијата на сите времиња.

„Сакам да бидам дел од Светското првенство и од ЕУРО... Се чувствувам страшно мотивиран. Моите амбиции се високи“, додаде  37-годишниот фудбалер кој во февруари ќе наполни 38 години.

Роналдо досега има постигнато 117 голови во 189 натпревари за репрезентацијата на Португалија, што го прави апсолутен рекорден и по број на постигнати голови и по број на одиграни натпревари.

Воедно, претстојниот Мундијал во Катар ќе биде негов 12-ти интернационален турнир во дресот со националните бои. Почнувајќи од 2003 година кога дебитираше за Португалија, настапи на ЕУРО 2004, ЛОИ 2004, СП 2006, ЕУРО 2008, СП 2010, ЕУРО 2012, СП 2014, ЕУРО 2016, Куп на конфедерации 2017, СП 2018, ЕУРО 2020 и сега СП 2022.

Со неговите 117 голови од година во година се оддалечува од остантите имиња на вечната листа, кои одамна ги престигна. Колку за споредба, вториот на оваа листа, Паулета, има „само“ 47 голови, Еузебиу има 41, а Луиш Фигу 32.

И по бројот на настапи е убедлив лидер. Со 189 води на вечната листа, иако тука разликата е помала отколку кај головите бидејќи второпласираниот Жуау Мотињу има 146, а и тој е сѐ уште активен. Трет е Пепе со 128, додека четврти Луиш Фигу со 127.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе