Кристијано Роналдо стави точка на многуте шпекулации во врска со неговата иднина во Реал. Португалецот истакнал дека сака да освои уште трофеи со „кралскиот клуб“, со што ги отфрли сите можности да го напушти Мадрид.
„Одлично беше чувството кога ги освојувавме трофеите минатата сезона. Би било добро да го повториме. Мораш да работиш напорно од година на година, а јас ќе продолжам да го правам тоа. Фудбалот е мојот живот, мојата страст“, истакнал Кристијано Роналдо за „Марка“.
Португалецот има 32 години, а договорот со Реал му истекува во јуни 2021 година. Изминатите недели имаше шпекулации дека би можел да се врати во Манчестер Јунајтед или да се пресели во ПСЖ.
Четирикратниот освојувач на „Златната топка“ минатата сезона со Реал ја освои втората титула во шпанското првенство и третата во Лигата на шампионите.
Кристијано Роналдо минатата сезона постигна 42 гола на 46 одиграни натпревари, а вкупно за Реал одиграл 394 натпревари, на кои постигнал 406 гола.