Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, сака да го напушти Реал Мадрид и да се врати во Манчестер Јунајтед, пренесуваат шпанските медиуми.
„Разочаран од трансферите, како и од политиката на клубот, но и од фактот дека претседателот на „Кралевите“ Флорентино Перез не го исполнил ветувањето околу неговиот нов договор, тој им соопштил на соиграчите дека на крајот од сезоната сака да си замине“, пренесува „АС“.
„Тој се чувствува измамено, Перез му го ветил најскапиот договор, кој не е реализиран, а го погодиле и приказните околу тоа дека клубот изминатото лето како негова замена, сакал да го доведе Килијан Мбапе“, пишува наведениот извор.
Според најновите информации, Шпанците тврдат дека Мадриѓаните на крајот од сезоната сакаат да го доведат Нејмар, како замена за Роналдо.
Роналдо ги освои три од последните четири Златни топки, но тоа не му беше доволно да биде меѓу трите најплатени играчи на светот, а последниот договор го потпиша во ноември 2016 година.
Овој шпански медиум пренесува дека Роналдо никогаш не се согласувал со Перез, со кого секогаш водел тешки разговори, веројатно поради фактот дека го довел Рамон Калдерон.