ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Роналдо се враќа во Реал поради Лигата на шампионите?

Португалскиот репрезентативец и играч на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, би можел да се врати во Реал Мадрид за следната сезона да игра во Лигата на шампионите, тврди шпанскиот спортски весник Marca.

Италијанскиот весник La Reppublica пред неколку дена објави дека Роналдо би можел да го напушти англискиот клуб, бидејќи не се вклопува во визијата на новиот менаџер Ерик тен Хаг.

Marca потсетува на изјавата на првиот човек на Реал, Флорентино Перес, кој на крајот од минатата сезона изјави дека не постои можност Роналдо да се врати во мадридскиот клуб. Сепак, шпанскиот весник истакнува дека во меѓувреме се промениле некои околности.

„Најважно за Роналдо е да продолжи да игра во Лигата на шампионите. Тоа нема да може да го направи следната сезона со Јунајтед кој беше шести во Премиер лигата. Роналдо има договор со англискиот клуб до летото наредната година, а Лигата на шампионите би можел да ја искористи како аргумент за заминување од 'Олд Трафорд'“, наведува Marca.

Шпанските медиуми истакнуваат дека не е невозможно славниот фудбалер да се врати во Спортинг од Лисабон, клубот каде ја очна сениорската кариера.

„Ваквото сценарио ја исклучува можноста Роналдо да се врати во Спортинг. И покрај тоа што има 37 години, се чини дека Кристијано сака да продолжи да игра на највисоко можно ниво за да оди на Светското првенство во Катар. Перес летово беше концентриран на доведување на Мбапе, а потоа изјави дека Роналдо не е опција. Работите во меѓувреме се променија, клубот бара напаѓачи и привремено решение би можело да биде доаѓањето на Португалецот. Сепак, нарушувањето на атмосферата во соблекувалната може да му наштети на тимот“, се вели во објавата на Marca.

Роналдо играше за Реал од 2009 до 2018 година. Со мадридскиот клуб освои 15 трофеи од кои 4 во Лигата на шампиони.

Точно 19 сезони по ред Роналдо играше во Лигата на шампионите, која честопати ја има јавно именувано како најважно и најомилено натпреварување за него. Почна со 7 сезони во дресот на Манчестер Јунајтед, па 9 со Реал Мадрид, 4 со Јувентус и уште една, изминатава, со Јунајтед. На почетокот на кариерата со Спортинг играше во квалификациите, но не влезе во фазата по групи бидејќи беше елиминиран од Интер. Роналдо има настап во квалификациите таа сезона, па севкупно во тој случај има 20 сезони.

Доколку остане во клубот од Манчестер ќе прекине една неверојатна низа. Неговиот конкурент Лео Меси има 18 сезони во Лигата на шампионите, па во случај Роналдо да не игра нареднава, ќе се израмнат, а на Роналдо ќе му остане за утеха тоа што има многу повеќе натпревари (183 наспроти 156), како и голови (140 наспроти 125).

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе