Фудбал

Роналдо со сјајниот гол против Борусија постави нов рекорд во ЛШ

7. декември 2017 - 10:34 | К.З.

Можеби не му оди во домашното првенство, но затоа Кристијано Роналдо е секогаш подготвен за предизвикот наречен Лига на шампиони. Тој вчера му помогна на Реал Мадрид да стигне до победа, и притоа постави нов рекорд.

Роналдо го постигна деветтиот гол во овогодинешната групна фаза од Лигата на шампионите, и со него му помогна на неговиот тим да стигне до победа против Борусија Дортмунд од 3:2

Само 12 минути поминаа од мечот и Роналдо веќе се најде во листата на стрелците со прекрасен гол од работ на шеснаесетникот кој го остави противничкиот голман Роман Бурки немоќно „закован“ за гол-линијата.

 

Со овој гол Кристијано Роналдо постави нов рекорд, односно стана првиот играч кој успеал да постигне гол на секој натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Тој постигна 4 гола на натпреварите против АПОЕЛ, три против Борусија Дортмунд и два против Тотенхем.

Да потсетиме, најефикасната сезона во групната фаза на Лигата на шампионите ја има токму Роналдо, со 11 гола во сезоната 2015/2016.

Коментирај