Роналдо влезе во клубот 700 кај Милер, Пушкаш, Пеле, Ромариу и Бикан

Од синоќа Роналдо официјално е во друштво на голгетерските легенди. Ѝ даде гол на Украина од пенал и дојде до бројката од 700 голови постигнати на официјални натпревари во сите конкуренции.

Кристијано Роналдо продолжува да руши рекорди. Својот 700-ти гол во кариерата го прослави вчера кога неговата Португалија гостуваше во Киев кај Украина во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Во 72-рата минута успешно го совлада Андриј Пјатов од белата точка, но и покрај неговиот гол Португалија загуби, а Украина прослави пласман на ЕУРО.

Ваков потфат досега им успеал на 5 други фудбалери, сите пензионирани, од кои последен е бразилскиот ас Ромариу кој тресеше мрежи сѐ до 2007 година. Бидејќи Роналдо е сѐ уште активен играч, реално е да напредува на оваа листа бидејќи Милер му бега 35 голови, додека Пушкаш 46. За останатите, времето ќе покаже.

1. Јозеф Бикан (Австрија/Чехословачка) - 805 голови
Чешки напаѓач роден во Виена, играше за Австрија на Мундијалот во 1934, а од 1938 настапуваше за Чехословачка. Откако прво се прослави во виенски Рапид, потоа популарниот Пепи зенитот го достигна за прашка Славија. Играше и за Шустек, Фарбенлуц, Адмира, Витковице, Храдец Кралове и Динамо од Прага.

2. Ромариу (Бразил) - 772
Шампион со Бразил на Мундијалот 1994. Најмногу голови постиогна во дресот на ПСВ, 127. Мрежите ги тресеше играјќи за Васку да Гама, Барселона, Фламенгу, Валенсија, Флуминенси, Ал Сад, Мајами, Аделејд Јунајтед и Америка. За Бразил на 70 натпревари постигна 55 голови.

3. Пеле (Бразил) - 767
Легендарниот Пеле е само трет на листата. Светски шампион со Бразил од 1958, 1962 и 1970 година за кој постигна 77 гола на 92 натпревара. Играше само за два клуба, бразилскиот Сантус и американскиот Њујорк Космос. Неговите голови отсекогаш претставувале статистички проблем бидејќи самиот играч ги брои вкупно сите кои ги постигнал вклучувајќи и пријателски и ревијални натпревари. Така се доаѓа до бројка од дури 1.283 голови.

4. Ференц Пушкаш (Унгарија) - 746
Галопирачкиот мајор како и Пеле играше само за два клуба, Кишпешт (подоцна Хонвед) и Реал Мадрид. За Унгарија на 85 натпревари постигна 84 гола вклучувајќи и еден во финалето на Мундијалот во 1954 кога неговата Унгарија загуби од Западна Германија. Пред пензија заигра и за репрезентацијата на Шпанија.

5. Герд Милер (Германија) - 735
Едноставно „Бомбардерот“. Блескаше за минхенски Баерн каде помина 16 години, а играше и за родниот Нердлингер и на крај за Форт Лодердејл Страјкерс. Ја водеше Западна Германија до триумф прво на ЕУРО 1972, а потоа и на Мундијалот две години подоцна. Во националниот дрес се радуваше 68 пати на 62 натпревара.

6. Роналдо (Португалија) - 700

7. Ференц Деак (Унгарија) - 576

8. Уве Зелер (Германија) - 575

8. Тулиу Маравиља (Бразил) - 575

10. Артур Фриденрајх (Бразил) - 557

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе