Роналдо: Во Јувентус владее вистинска семејна атмосфера

Торино, 11 август 2018 (МИА) – Најголемото засилување на Јувентус во летниот преоден рок, португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо е импресиониран од атмосферата која владее во клубот.

„Овде постои една семејна атмосфера. Луѓето се многу љубезни и пријатни. Никогаш нема да го заборавам четвртфиналето кога гостував со Реал и постигнав гол по кој ми аплаудираше целиот стадион. Тоа беше неверојатно чувство. Сега и јас сум дел од оваа хармонија и едвај чекам да почнат натпреварите и да ги направам среќни нашите навивачи“, нагласи Роналдо.

33-годишниот Португалец во Јувентус дојде од Реал Мадрид за 104 милиони долари. Тој се обврза на четиригодишна соработка со италијанскиот шампион.

„Главната работа е да се подготвиме. Сакам да бидам во добра форма, да му помогнам на тимот да освоиме многу трофеи. Се надевам дека можам брзо да се адаптирам и да ја започнам сезоната најдобро“, потенцира најдобриот светски фудбалер.

На отворањето на новото првенство во Серија А, Јувентус на 18 август гостува во Киево кај Верона.

реклама

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе