Фудбал

Роналдо за Златната топка: Ја заслужувам секоја година, ама честитки за Модриќ

10. декември 2018 - 15:27 | А.С.

Суперѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо конечно даде изјава за годинашното доделување на најголемата индивидуална награда во фудбалот, Златна топка, што годинава ја доби Лука Модриќ.

Португалскиот напаѓач претходно две години со ред ја добиваше наградата, а годинава остана на второто место зад поранешниот соиграч во Реал Мадрид.

Роналдо не се појави на доделувањето на Златната топка во Париз и досега немаше дадено коментар за изборот што беше предмет на полемики и критики.

„Сметам дека ја заслужувам (Златната топка) секоја година, напорно работам за тоа. Ама ако не ја добијам, не е крај на светот. Ја почитувам одлуката“, изјави Роналдо за Gazetta dello Sport.

„На теренот имам направено сѐ за да победам, бројките не лажат, но не сметам дека сум помалку среќен ако не победам“, рече тој.

„Имам прекрасни пријатели и семејство и играм за еден од најдобрите клубови, мислите дека одам дома и плачам? Се разбира дека сум разочаран, ама животот продолжува понатаму и ќе работам уште понапорно. Во секој случај, честитки за Модриќ, ја заслужи, но следната година ќе се видиме пак и ќе направам сѐ да бидам пак таму.“

Коментирај