Рош Македонија посади девет јапонски цреши во чест на девет болни од NMOSD

Денес, 27.01.2023 година, во Градскиот Парк во Скопје, на зелената површина позади Фонтана, здравствената компанија Рош Македонија, во соработка со Универзитетската клинка за неврологија во Скопје, Македонското невролошко здружение, Секторот за комунални работи при Град Скопје - ЈП Паркови и зеленило, спроведе акција на садење на редок вид на декоративни дрвја, јапонска Цреша (Sakura) во чест на лицата со ретката болест „Болести од спектарот на Неуромиелитис Оптика“ (анг. NMOSD, Neuromyelitis optica spectrum of disorders).

Активноста има за цел да ја подигне свесноста на населението и сите општествени чинители во државата за оваа ретка болест. Во Македонија живеат девет лица со оваа ретка болест и затоа, во чест на секој еден пациент, а за доброто на сите граѓани, денес се засадени девет дрвја од редок вид за нашите простори, декоративни јапонски цреши. Воедно го одбележуваме и денот на NMOSD како ретка болест.

Болести од спектарот на Неуромиелитис Оптика, или скратено NMOSD се ретки, прогресивни, воспалителни заболувања на централниот нервен систем кои се карактеризираат со тешка демиелинизација, односно губење на обвивката на нервите, која посебно го напаѓа очниот нерв и ‘рбетниот мозок. Поради комплексноста на заболувањето, болеста кај овие лица најчесто се дијагностицира со потешкотии и задоцнето, кога болеста е напредната, а соодветниот третман одложен или задоцнет, а притоа лицата завршуваат со инвалидитет, мускулна слабост, парализа и трајно слепило.

Јапонската цреша - Sakura, означува обнова и оптимизам во јапонската култура. Дополнително, ретката убавина на овие цветови и краткото време на цветање симболизираат дека и животот истотака е убав, но и краток, поради што секој треба да има можност да живее на свој начин и без лимити.
 
„Целта на оваа иницијатива на Рош Македонија, како социјално одговорна фармацевтска компанија е подигнување на свесноста за ретката болест од спектарот на Неуромиелитис Оптика со садење на редок вид на дрвја, односно девет јапонски цреши, во чест на деветте пациенти кои боледуваат од ретката болест NMOSD. Со ова, сакаме да испратиме порака дека сите граѓани на град Скопје ќе може да уживаат во нивната различна убавина, но и сите ние заедно треба да бидеме спремни да им помогнеме на оние кои се соочуваат со ретки предизвици во животот, и да ја подигнеме нашата колективна свест и хуманост“, изјави д-р Александра Ивановска, директор на Рош Македонија.

реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Колку долго човек може да остане буден?

Read more

Промо

Новиот Porsche Driver Experience го има своето деби во Cayenne

Read more

Сонична технологија за поздрави заби и непца, за цел живот

Read more

Со A1 Net Protect блокирани повеќе од 35 илјади безбедносни закани во февруари

Read more

Младите европски амбасадори ја поздравија финансиската помош од 80 милиони евра на ЕУ за земјава

Read more
 

Ново

Ракометната ЛШ ќе се игра и за викенд, тренерите добија право на челенџ

Читај повеќе
  • play_arrow

Торнада дивееја низ САД, има загинати

Читај повеќе

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Читај повеќе

Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург

Читај повеќе
  • play_arrow

South Park го исмеа Ендрју Тејт

Читај повеќе
  • play_arrow

Крафт најдолго леташе на Планица

Читај повеќе

Најлошата првоаприлска шега: Кога Google направи хаос со мејловите

Читај повеќе

Петмина повредени, од кои две деца, во сообраќајка во Горно Лисиче

Читај повеќе

Бакнеж прикажан на телевизија во Иран – изби скандал, телевизијата се извини

Читај повеќе